Голден Стејт Вориорс ги победи Хјустон Рокетс со 115:109 и поведе со 2-0 во полуфиналната серија на Западната конференција на НБА.
„Воините“ доминираа во нивната сала во Оукленд и освоија вреден втор успех.
Кевин Дурант со 29 поени беше најуспешен, Клеј Томпсон постигна 21, а Стеф Кари додаде 20 за НБА шампионите.
Минатата година, двата тима се состанаа во финалето на Западната конференција, а Голден Стејт победи во седум натпревари.
Милвоки Бакс, пак, ја изедначи серијата на Истокот против Бостон Селтикс (1:1) по освојувањето на вториот меч со 123:102.
Најкорисен за „елените“ беше Јенис Адедокумбо со 29 поени, 10 скока и 4 асистенции. 28 поени за победниците постигна Крис Мидлтон.
Comments are closed for this post.