Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ со апел до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај да го поминат во природа.
Тие апелираат оние кои ќе одат на излет на места како што се: Парк – шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.
Воедно од таму ги информираат граѓаните дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување.
Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.
Comments are closed for this post.