На патеката пред Македонската радио телевизија и Скопски саем, претстојниов викенд ќе се одржи Авто кружна трка Скопје 2018 во организација на АКК Примо авј во соработка со Град Скопје, Агенција за млади и спорт и Автомобилистичка федерација на Македонија.
Трката е дел од официјалниот календар за кружни патеки во домашниот шампионат, а се бодува и во календарот на ЦЕЗ (Централно Европска зона).
Официјалното отворање ќе биде в недела од 11 часот пред Судска палата, а старот на трката е закажан за в недела од 12 часот.
Тренинзите се предвидени за в сабота од 11 часот.
Се очекува учество на 35 домашни и 10 странски натпреварувачи.
Одржувањето на оваа трка ќе предизвика изменет сообраќаен режим, односно затворање на улицата што водат од крстосницата кај Мавровка до крстосницата кај Скопски саем.
Comments are closed for this post.