И во ракометот како и во фудбалот се покажува дека не е се во парите. Во ракометната Лига на шампиони, славниот ПСЖ е на прагот на елиминација откако вчера беше прегазен од Киелце со десет голови разлика. Сега Раул Гонзалес е на вистински испит како да ги однесе французите на Фајн Фор во Келн што му успеа на два пати со Вардар.
„Ел команданте“ има милиони евра на располагање и супер ѕвезди во тимот но и тоа не беше доволно.
Спротивно на тоа, Вардарци кои со месеци не примиле плата се на прагот на нов успех откако имаат осум гола предност пред реваншот со Пик Сегед
Comments are closed for this post.