Хрватски синдикати почнаа да собираат потписи за референдум за намалување на старосната граница за пензионирање од 67 на 65 години.
Во декември Парламентот на Хрватска одобри предлог на владата за зголемување на границата за пензионирање на 67 години од 2033 година и намалување на пензиите на луѓе кои се пензионираат предвреме.
Со новиот закон, што влезе во сила од 1 јануари 2019 година, ќе има 3,6 отсто намалување на пензиите за секоја година предвремено пензионирање.
Синдикатите бараат намалувањето да биде до 2,4 отсто.
Иницијативата наречена „67 е премногу” смета дека во буџетот има доволно пари за пензии, но не се распределени праилно.
Comments are closed for this post.