Кипар е во шок откако деновиве полицијата го расветлува случајот со масовниот убиец под кодно име „Орест“ – поранешниот воен специјалец Никос Метаксас сега веќе признал не две туку седум убиства, меѓу кои и на едно шестгодишно девојче.
Вчера 35-годишниот серискиот убиец признал уште пет убиства, со што за сега вкупно се знае за седум убиени лица, повеќето Филипинки.
Случајот го потресе не само Кипар, туку добива многу пошироки димензии, па така на локалната полиција во истрагата сега им се приклучи тим експерти од Велика Британија
Метаксас до сега признал седум убиства: 38-годишната Мари Роуз од Филипини, чие тело беше пронајдено во една рударска јама покрај Митсеро. Таа биле неговата прва жртва;втора негова жртва била Ариан Паланас Лозана, 28 години, исто така од Филипини. Нејзинотоот тело било исто така пронајдено во таа јама. Третото тело е на жена од Непал или од Индија, за која нема фтографија и таа не е прогласена за исчезната од никого. Нејзиното тело во распаѓање било прнајдено на друга локација во Ксиндос. Метаксас на полицијата и изјавил дека не се сеќава кога ја убил таа несреќна жена.
Полицијата смета дека следни негови жртви биле 36-годишната Ливија Флорентина Бунеа и нејзината 8-годишна ќерка Елена Наталија. Тие исчезнале во септември 2016 година. Следен на неговата листа за ликвидации била Марикар Валдез Аркуилја (30) од Филипини, а последната жртва на серискиот убиец е шестгодишната Мари Сиера, пронајдено во езерто Меи во Ксилатос.
Човек што го познавал „Орести“, кој наку се бави со трговија со Филипните, изјавил дека тој жртвите ги следел по Фејсбук и оти нив им се претставувал како фотограф ветувајќи им притоа кариера како модели.
Comments are closed for this post.