Претседателот на Србија, Александар Вучиќ излезе со коментар за референдумот во Македонија.Тој индиректно посочи дека ЕУ не ја почитува волјата на народот и дека треба да покажат поголема почит кон малите народи.
Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една суверена земја. Се плашам дека некои луѓе во светот нѐ потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат кај нас да протуркаат сѐ .Си мислат: ќе пробаме со народот, ако не, тогаш нема со народот, ќе се обидеме да извршиме притисок врз пратениците, ако и тоа не помине, не е важно, тоа мора да биде така… Би ги замолил луѓето од Европа и од светот да покажат повеќе почит кон малите народи.
Comments are closed for this post.