Братот на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, чија организација турските власти ја обвинуваат за обидот за државен удар во 2016 година, е осуден на затвор за членство во вооружена терористичка група, информираат турски судски извори.
Кутбетин Ѓулен, кој е во притвор од октомври 2016 година, ќе одлежи казна затвор од 10 години и шест месеци, одлучи судот во Измир.
Кутбетин Ѓулен ги отфрли сите обвиненија и побара да биде ослободен.
Фетуллах Ѓулен, кој живее во егзил во американската држава Пенсилванија, негира каква било поврзаност со обидот за пуч.
Comments are closed for this post.