Ноќва во 2.06 часот се навршуваат 20 години од бомбардирањето на зградата на Радио-телевизија Србија од страна на НАТО, кога загинаа 16 вработени во медиумот.
Тоа беше првиот случај една медиумска куќа да е прогласена за легитимна воена цел. Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ во 2000 година соопшти дека немало оправдување за бомбардирањето на телевизијата.
Поранешниот директор на РТС, Драгољуб Милановиќ, во 2002 година беше осуден на 10 години затвор, затоа што не ја почитувал наредбата на тогашната Сојузна Влада за дислоцирање на луѓето и техниката, односно нивно евакуирање на безбедна локација.
Челниците на НАТО тврдеа дека нападот бил оправдан, а специјална комисија на Хашкиот трибунал, која го испитуваше и случајот со бомбардирањето на РТС, не му предложи на Обвинителството да покрене кривична постапка.
Во нападот на НАТО, ноќта меѓу 22 и 23 април, загинаа: Јелица Мунитлак (27) – шминкерка, Ксенија Банковиќ (27) – видео-миксер, Дарко Стоименовски – (25) техничар во размена, Небојша Стојановиќ (26) – техничар во мастер, Драгорад Драгојевиќ (27) – работник во обезбедувањето, Драган Тасиќ (29) – електричар, Александар Делетиќ (30) – камерман, Славиша Стевановиќ (32) – техничар, Синиша Медиќ (32) – дизајнер на програма, Иван Стукало (33) – техничар, Дејан Марковиќ (39) – работник во обезбедувањето, Милан Јоксимовиќ (47) – работник во обезбедувањето, Бранислав Јовановиќ (50) – техничар во мастер, Милован Јанковиќ (59) – прецизен механичар, Томислав Митровиќ (61) – режисер на програма и Слободан Јонтиќ (54) – монтер.
Comments are closed for this post.