Здружението „Култи Ватор“ од Скопје го реализираше мини-театарскиот карван за деца „Жапчиња 2018“.

Мини карванот се одржа во училиштата за деца и младинци со посебни образовни потреби – ПОУ „Иднина“ од  Скопје и ПОУ „Д-р Златан Сремец“ од Скопје.

Како што информираат  од Здружението, пред учениците беше изведена претставата „Здравко заборавко“, која наишла на одлична атмосфера и реакции од публиката.

Мини карванот „Жапчиња 2018“ се одржува со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.