Еден полицаец загина, а еден кандидат за полициски службеник е тешко повреден откако во нив удрил автомобил, соопштија од СВР Куманово. Во друг инцидент, непосредно потоа, во кој учествувал истито автомобил, тешко се повредени уште две лица.
Инцидентот се случил околу 45 минути по полноќ на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со населба Ајдучка Чешма, кога патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во 37-годишниот полициски службеник В.Ц. и во 25-годишниот А.М., кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
С.Ј. со возилото избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистерски ознаки. Возачот на „шкодата“, Н.П. (34) и сопатничката Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, додека патникот А.Ј. (52) со полесни телесни повреди. Поради тежината на повредите, Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.
С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Comments are closed for this post.