Денеска се одржуваат предвремени локални избори за градоначалник на Охрид, за Ново Село и Дебар.
Изборите за градоначалничката функција во Охрид и Дебар беа распишани поради ненадејната смрт на дотогашните први луѓе на општините.
Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.
Во трката за градоначалник на Дебар ќе учествуваат двајца доктори и се очекува изедначена борба.
Comments are closed for this post.