Изборот на универзитетот при продолжување на образованието е клучниот чекор кон создавањето поперспективна иднина. Квалитетното високо образование и широката понуда на факултетски единици и академски програми, е секако приоритетно во изборот. Меѓутоа, изборот на универзитет со себе носи уште цел систем од придобивки кои влијаат врз целосниот социо – културолошки и интелектуален развој на идниот академски граѓанин. Традицијата, реномето, професорите и останатиот наставно – едукативен кадар, принципот на работа и квалитетот на образование по стекнатата диплома го етикетираат Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како образовна институција која го држи приматот во државата. Како државен, прв и најстар универзитет, УКИМ според многу мерила го ужива епитетот најдобра високообразовна установа, а причините започнуваат од:
- Традиција, знаење, искуство – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје е формиран во 1949 година. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи. Тука се негува знаењето, науката и квалитетот од самото негово основање.
- Најголем избор студиски програми – УКИМ поседува студиски програми во сите научни области – природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите, вкупно 193 акредитирани програми.
- Истражувачката работа на сите факултети и на научните институти во состав на Универзитетот.
- Најголем фонд достапна литература – секоја од факултетските единици на УКИМ поседуваат свои библиотеки со потребната литература, истражувања, трудови и тези, коишто се неопходни во процесот на спремање испити.
- Модернизиран соодветно светските трендови во оценувањето – покрај традиционалниот пристап во едукативниот процес, УКИМ паралелно ги имплементира современите методи на работа, едукација и валоризација (КТС систем на оценување).
- Наставниот кадар на УКИМ е составен од истакнати, реномирани професори и академици кои со својата работа и знаење придонеле во научните, технолошките и социолошките достигнувања во земјава. Во реализацијата на наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите учествуваат над 3.100 наставно-научни и соработници.
- Воспоставена и долгогодишна соработка со светски универзитети и академии којашто овозможува размена на полето на науката, на полето на студентски и наставен кадар и за заедничка соработка на разни научни проекти, разни постдипломски и докторски студии.
- УКИМ е познат и признат во светски рамки, а исто така и дипломите кои се признаени на меѓународниот пазар на трудот.
- Еразмус плус студентска пракса, со што на студентите им се овозможува да стажираат во компании во земјите на Европската Унија.
- УКИМ е најдобриот универзитет во државата, односно најдобро рангирана високообразовна институција од Македонија според глобални рангирачки мерења.
Предноста на УКИМ е потврдена со фактот дека секоја година повеќе од 6.000 домашни студенти и странски студенти го избираат УКИМ за своето идно образование. Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени околу 150.000 високостручни кадри, над 10.000 магистри и специјалисти и околу 4.000 доктори на науки во сите наставно-научни области.
Универзитетските денови не се само образовно и интелектуално надградување туку и созревање на личноста во целост и изградување во академски граѓанин и професионалец во извесно поле. Пазарот на трудот бара квалитетни, изградени личности и веќе подготвени кадри, кои што образовниот систем веќе ги профилира како експерти во извесна област, а изборот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, покрај бројните поволности, пред сè носи знаење што е апликативно веднаш.
Comments are closed for this post.