Како знаете дека корисничкото име „дир“ било за директорот, го праша на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, сведокот Звонко Костовски.
Костовски појасни дека сите кориснички имиња почнувале со првите букви од имињата или иницијали на корисниците, па затоа и дир значело директор.
На ова, пак, Мијалков реагираше:
Од каде знаете, може и тоа е име, на пример Диркан, по што во судницата настапи општа смеа.
На денешното рочиште Мијалков вкрстено го испрашуваше Костовски. Му забележуваше дека толку долго работел во МВР, а не знаел да одговори кој и за што формирал работни групи и комисии, коментирајќи дека тоа било во надлежност на министерот. Мијалков праша и кои биле надлежностите на директорот, на што Костовски одговори:
Не сум бил директор, тој што бил самиот треба да си знае.
Мијалков бараше од судот и да му презентира фотографија од салата каде што бил системот за прислушување, за да разрешат некои дилеми, но ме му беше дозволено. Тогаш Мијалков свртен кон обвинителите од СЈО искоментира: „Ова е и за вас, и вие да не бидете манипулирани“.
Додека поранешниот директор на УБК го испрашуваше сведокот, на моменти од место реагираа обвинителите од СЈО. Судијата Владимир Туфегџиќ само со рака со знак да запрат ги замолчуваше, но во записникот не беа внесени приговари.
Comments are closed for this post.