Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски прашува зошто министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров бегаат од дебата. Тврди дека во изминатиов период биле направени неуспешни обиди од најмалку пет телевизии да се организира тв соочување.

Би сакал да ја информирам јавноста дека министерката за одбрана и воедно заменик претседател на СДСМ Радмила Шекеринска избегнува да се соочи со мене на ТВ дебата. Во изминатиов период беа направени обиди од најмалку 5 телевизии да се организира ТВ соочување меѓу мене и Шекеринска. Сите пропаднаа затоа што Шекеринска со разни одговори избегнуваше да се соочи со мене. Истото се однесува и на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој гледам гостува само кајшто му е сигурно на нарачани прашања во таканаречени „пријателски медиуми“.  Пред крајот на кампањата во првиот круг на претседателските избори би сакал да ги прашам и Шекеринска и Димитров од што бегаат? Од вистина?  Зoшто последен пат на ТВ дуел со мене се појавија пред референдумот за името кога и двајцата беа поразени? Се плашат ли дека немаат аргументи и немаат што да одговорат за срамната промена на името, за втора по ред година без датум за преговори со ЕУ, за високото ниво на корупција и криминал, за назадувањето во сите сектори… Одговор ќе стигне побрзо од што очекуваат на 21ви април и на 5ти мај“, напиша Николоски на фејсбук.