Министерството за одбрана на Црна Гора ја стави на продажба јахтата „Јадранка“, бродот што некогаш му припаѓаше на Јосип Броз Тито. Оваа јахта е дел од објавениот повик за продажба на непотребни пловни објекти опрема и резервни делови во вкупна вредност од 596.210 евра.

Повикот е објавен на интернет страницата на Министерството за одбрана и во него се истакнува дека пловилата се без вооружување и воена опрема.

Освен „Јадранка“, што е проценета на 80 илјади евра, на продажба се ставени и десантен брод во вредност од 140 илјади евра, помошен нафтоносач од 133 илјади евра  и помошен водоносач од 110 илјади евра.