Работнички го освои Купот на Макеоднија триумфирајќи во финалната пресметка од завршниот турнир во Гевгелија над Блокотехна и испиша нова страница во богатата историја на клубот.
Клубот од „Градски парк” вечерва во финалето на завршниот турнир во Гевгелија ја победи Блокотехна со 85:71.
Најдобар играч на натпреварот беше Чавдар Костов кој се закити со признанието МВП. Бугарскиот интернационалец до триумфот ги предводеше „црвено-белите” со 25 поени.
Македонската кошаркарска федерација им додели и благодарници на кошаркарските клубови Кожув и Блокотехна како и на Општината Гевгелија за особен придонес во организација на завршниот турнир од Купот.
Во женското финале Вардар го победи Бадел со 50:40.
Comments are closed for this post.