Почина Мира Марковиќ, сопругата на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Таа подолго време беше во тешка здравствена состојба и се лечеше во болница во Сочи.
Марковиќ по симнувањето на власта на нејзиниот сопруг избега во Русија заедно со нивниот син Марко. Пред неколку месеци и беше укината пресудата во Србија и можеше слободно да се врати во земјата.
Мирјана е родена на 10 октомви 1942 во Пожаревац. Студирала социологија на Универзитетот во Белград, каде и докторирала. Била професорка по совиологија на Природно математичкиот факултет во Белград.
Основач е и прва претседателка на политичката партија Југословенска левица.
Comments are closed for this post.