Легендарниот Пеле се опоравува по операција за отстранување на камен од бубрезите, откако повторно беше хоспитализиран во клиника во Сао Паоло, Бразил.
„Утрово беше направена операција за отстранување на камен од бубрезите на Пеле. Постапката помина успешно, а пациентот е сместен во неговата соба на клиниката“, соопштија оттаму.
Засега, неговата состојба е дефинирана како добра, а Пеле ќе остане под медицински надзор уште некое време.
Како што е познато, 78-годишниот Бразилец неодамна имаше здравствени проблеми додека го посети Париз, каде што исто така беше хоспитализиран.
Comments are closed for this post.