Светската премиера на првиот трејлер за деветиот и финален дел на сагата за Војна на ѕвездите одржана е денеска на годишниот настан „Star Wars Celebration“.

На случувањето е потврдено и името на епизодата IX „Star Wars: The Rise of Skywalker”, кој во кино салите ќе може да се погледне на крајот од годината.

Во филмот глумат Деизи Ридли, Адам Дривер и Марк Хамил, кој се враќа како Лук Скајвокер.


Она што е посебно интересно е дека во една сцена се појавува и покојната Кари Фишер како принцезата Леа, со помош на претходно необјавени снимки од Војана на ѕвездите, направени пред нејзината смрт во 2016 година.

Трејлерот е прикажан на крајот од едночасовниот настан, на кој за прв пат пред јавноста се објавени промотивни фотографии од глумците во филмот.

Откриен е и нов робот, Дио, кој во филмот ќе му прави друштво на веќе добро познатиот ББ-8.