Не е тајна дека тенисерката Серена Вилијамс и Меган Маркл другаруваат уште од времето кога војвотката живеела во Америка и се занимавала со глума, заради што новинарите често ја испитуваат за славната пријателка, особено откако се знае дека е бремена.
Во последното интервју за „Е!News“ Серена говореше за својата бремена пријателка, но притоа не откри дека мисли на Меган. За време на интервјуто без престан за бебето на својата пријателка зборуваше во женски род.
„Мојата бремена пријателка рече „моето дете ќе го прави ова“, а јас само ја погледнав и реков „не, таа нема тоа да го прави, се исповеда Серена, поттикнувајќи ги гласините дека Меган и Хари чекаат девојче.
Сепак, во еден момент ја спомна Меган, нарекувајќи ја своја пријателка и рече „Таа сигурно ќе биде сјајна мајка“. Со оглед дека Меган и Хари ја чуваат во тајност информацијата за полот на детето.
Како и да е, датумот за породување се ближи кон крајот па љубопитните ќе причекаат уште две – три недели.
Comments are closed for this post.