Од Јавното обвинителство денеска информираат дека дежурен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа извршиле увид на лице место во станот во Скопје, каде беше пронајдено починато едно женско лице. Станува збор за станот во кој беше пронајдено безживотното тело на актерката и поранешна градоначалничка на скопската општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ.
Во соопштението од обвинителството, се наведува дека телото на починатата е предадено за обдукција, а јавниот обвинител издал и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место.
Comments are closed for this post.