Тренерот на Арсенал, Унаи Емери може да го предводи Милан следната сезона, објави „Ла Газета дело Спорт”.
Шпанскиот фудбалски стручњак може да биде поканет од новиот клупски извршен директор Иван Газидис, кој претходно го донесе да работи во Арсенал.
Во моментов Милан го предводи Џенаро Гатузо, но спортски директор на клубот Леонардо бара друг тренер.
Други потенцијални кандидати за тренерската позиција во клубот од „Сан Сиро” се Антонио Конте, Маурицио Сари, Маурисио Покетино и поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.
Comments are closed for this post.