Татко то на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, Хорхе, бил уапсен во Розарио, под обвинение дека прегазил мотоциклист. Инцидентот се случил синоќа кога таткот на Меси се судрил со млад мотоциклист, кој бил пренесен во болница за да му се утврди тежината на повредите, иако брзо по несреќата, локалната телевизија ТН, објави дека момчето се здобило само со лесни повреди.
Таткото на Меси бил крато време во полицска станица, каде што му бил извршен алкотест и проверка на здравствената состојба, по што бил пуштен. Како што јавуваат локалните медиуми, се чекаат официјалните извештаи за степенот на повредите за да се одлучи дали ќе се поведе судска постапка против Хорхе Меси.
Инцидентот се случил во јужниот дел од градот, во населбата каде што Лионел Меси го мина детството и каде што се уште живее неговата фамилија.
Comments are closed for this post.