Поддржувачи на Викиликс и на Џулијан Асанж се мобилизираат откако се пренесе информација дека основачот на Викиликс ќе биде протеран од амбасадата на Еквадор „за неколку часа или денови“.
Доверлив извор од Еквадор рекол дека чашата се прелала со случајот Асанж, кој од 2012 година се наоѓа во азил во еквадорската амбасада во Лондон, откако Викиликс објави дека има документи за наводна вмешаност во коруптивни случаи на претседателот на Еквадор, Ленин Морено. Викиликс ги нема објавено документите, меѓутоа Морено обвини дека Асанж ги прекршил правилата за азил.
РТ е вклучен во живо пред еквадорската амбасада каде можат да се видат шатори пред влезот, свеќи, гитари, но во моментов нема насобран народ.
Comments are closed for this post.