Според информациите добиени од Дирекцијата за трговија со луѓе на Косово на 2 и 3 април, била спроведена полициска операција за потрага по приватна клиника во Приштина.
Пет лица беа уапсени под сомнение дека сториле кривични дела „нелегална трансплантација и трговија со човечки органи и клетки“ и „неодговорно лекување“.
Истрагата за овој случај почнала пред неколку месеци и била спроведена во соработка и координација со Основното обвинителство и одделението за тешки кривични дела.
Со одлука на Здравствениот инспекторат, поради откривање на неправилности, затворен е одделот во кој се извршени операциите во оваа клиника.
Медиумите во Србиа пишуваат дека станува збор за уште една „жолта куќа“, термин кој стана познат за време на војната на Косово кога во куќа во Албанија беа вадени човечки органи на Срби.
Comments are closed for this post.