Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, нема да настапи за селекцијата на САД на Светското првенство во Кина, а причина за таквата одлука е снимањето на филмот „Спејс Џем 2“.
Според очекувањата, постои можност тој да се приклучи во националниот тим дури на Олимписките игри во Токио во 2020 година.
Леброн не беше во репрезентацијата уште од 2012 година, кога настапи на ОИ во Лондон и освои златен медал. Селекцијата на САД во Кина од клупата ќе ја предводи славниот Грег Попович, на кого ќе му биде деби во националниот состав на таа земја.
„Сакам се што е поврзано со Попович, но ова лето не е погодно за мене. Што се однесува до Токио, постои можност да бидам дел од репрезентацијата, но ќе зависи од тоа како ќе се чувствувам. Ги сакам Олимписките игри“, истакна „Кралот“.
Comments are closed for this post.