Премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев на денешната прес конференција упатија порака до лидерите на опозициите во двете земји, Мицотакис и Мицкоски дека имаат намера да победуваат на избоите. Покрај тоа, премиерите побараа опозициите да го почитуваат Договорот од Преспа бидејќи тоа е за доброто на иднината на двете земји.
Верувам дека и Мицотакис и Мицкоски кои се лидери на опозициите во двете земји низ текот на времето ќе даваат поддршка на добрите соработки и на новите можности кои се отвораат.Тоа на крајот тоа е прагма, тоа е политика, тоа е паметно. Да бидете поддржувач на она што народот го сака – објасни Заев.
Comments are closed for this post.