Владата не работи врз принцип на казни, туку во духот на соработка, кооперација, пријателство и разбирање. Постојат недоследности и грешки во однос на Законот за јазиците кои се трудиме да ги надминиме и поправиме“, порача денеска на прес-конференција владиниот портпаролот Миле Бошњаковски.
Ова го кажа на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе следува казна за вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, откако пред неколку дена новинарите се соочија со проблеми, бидејќи немаше обезбедено превод токму на на промовирањето на Агенцијата за спроведување на Законот.
На Османи му беа поставени неколку новинарски прашања на албански јазик, но превод немаше.
Новинарот на Пресинг ТВ директно го праша Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, „дали нешто разбира“, но тој не одговори на прашањето.
Подоцна и Османи призна дека преводот ќе биде еден од поголемите предизвици за спроведувањето на законот за јазиците.
Comments are closed for this post.