Спроведувањето на Законот за употреба на јазиците се соочува со проблеми, иако на денешната прес-конференција вицепремиерот Бујар Османи не кажа такво нешто. Според него се оди добро во неговото спроведување и „речиси сите институции“ него го имплементираат.
Но, денешната прес-конференција уште еднаш покажа дека примената на Законот за јазиците е проблематично, особено кога се нема превод. Така денес на Османи му беа поставени неколку новинарски прашања на албански јазик, но превод немаше.
Новинарот на Пресинг ТВ директно го праша Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, „дали нешто разбира“, но тој не одговори на прашањето.
Подоцна и Османи призна дека преводот ќе биде еден од поголемите предизвици за спроведувањето на договорот.
Инаку Османи информираше дека денес меѓуресорски било разгледано спроведувањето на Законот за јазиците.
Задоволство е да се слуша дека е создаден пријатен амбиент и волја на институциите за негово спроведување. За овие 1,5 месец откако законот е влезен функција се направени голем број чекори. Туку е и формирањето на меѓуресорската група која на редовна основа го следи неговото спроведување, изборот на директорот на Агенцијата, а еве можам да информирам дека Владата утврди и простории каде ќе биде сместена Агенцијата“, рече Османи.
Тој додаде дека во подготовка е и законот за формирање за Инспекторатот. Османи во однос на Законот за јазиците истакна дека „во Секретаријатот за европски прашања целокупната документација е во духот на новиот закон за употреба на јазиците“.
Очигледно е дека овој закон само зближува и создава кохезија меѓу заедниците и го зголемува чувството на припадност и лојалност на граѓаните кон државата и тоа ќе биде валоризирано и од граѓаните и од Европската унија“, рече Османи.
Comments are closed for this post.