Северина Којиќ ги откажала последните три концерти, а според пишувањата на српските медиуми, и нејзиниот настап за Денот на жената на Златибор доживеал целосен крах. Наводно пејачката продала само 120 влезници.
Пропаста на кариерата на една од најпопуларните пејачки во регионот, се чини, започна со прекинот на соработката со својот најблизок соработник, менаџерот Томислав Петровиќ, а на тоа се надоврза и прекинот на соработката со пи-ар стручњакот Давор Гргин, но и со адвокатот Дарио Будимир.
Неодамна Северина на нејзиниот фејсбук објави дека го откажува закажаниот концерт во Зачрет, а како причина ги наведе проблемите помеѓу организаторите кои го договарале концертот. Сепак, се огласија и организаторите, како би ја демантирале Северина.
Почитувани, со искрено жалење, приморани сме да ве известиме дека концертот на Северина, договорен за 13 април 2019 нема да се одржи. Исто така, сакаме да ве известиме дека останавме непријатно изненадени на објавата на службениот фејсбук на пејачката, која како причина за откажувањето наведува извесни проблеми кои настанале помеѓу организаторите, иако тоа не е така“, се вели во одговорот од организаторите на концерот на Северина.
Во естрадните кругови се шпекулира дека зад сето ова стои мажот на пејачата Игор Којиќ, кој смета дека е дораснат за позицијата менаџер, па од тука и дека парите треба да останат во куќата и дека нема потреба за кариерата на Северина да се грижи некој друг освен тој самиот.
Медиумите во регионот пишуваат дека Северина во последниот период останала без 70.000 евра заради отажување на нејзините настапи.
Comments are closed for this post.