По вчерашниот пропаднат обид власта и опозицијата да ги надминат разликите за обвинителството, од ВМРО-ДПМНЕ порааа дека залудни се обидите за притисок врз опозицијата и таа да се претстави како кочничар на наводни реформи.
На ова од СДСМ возвраќаат:
„ВМРО-ДПМНЕ беше и остана во одбрана на криминалот, против правдата и против напредокот на државата. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека одбрана на криминалот, одбрана на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е најважно. Функционирање на правото и правната држава, разоткривање и решавање на случаи со високо ниво на корупција , не им одговара на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се против СЈО како посебно обвинителство затоа се против новиот Закон за јавно обвинителство“.
Од владејачката партија велат дека ВМРО-ДПМНЕ не сака независно и професионално обвинителство, и затоа е против реформите.
„Па , наместо конкренти амандмани и предлози за законскиот текст за Јавното обвинителство, тие поднесуваат некакви лажни принципи. СЈО мора да продолжи како посебно обвинителство ,а новиот закон за јавно обвинителство е најсоодветното решение кое е во интерес на државата и граѓаните“, се наведува во реакцијата од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Заев и Треневска Десковска посакуваат Јавно обвинителство кое што со месеци ќе молчи за трговијата со правото и правдата, за поткуп во изборни цели, посакуваат обвинителство кое ќе им служи за политички прогон и заштита на криминал на власта
Comments are closed for this post.