Проценките на организаторите и на бриутанските медиуми велат дека речиси еден милион луѓе излегоа на марш во центарот на Лондон, барајќи нов референдум за Брегзит, додека парламентот бара излез од ќор-сокакот во која западна истапувањето на Велика Британија од ЕУ.
Демонстрантите минаа од паркот Лејн до парламентарниот плоштад, локацијата на централниот собир. Демонстрациите се случуваат откако Унијата дозволи пролонгирање на Брегзит.
#PeoplesVoteMarch organisers say more than a million people joined protests in central London
[tap to expand]https://t.co/KI8HvOednR #Brexit pic.twitter.com/SeD8az1Ev8— BBC Politics (@BBCPolitics) March 23, 2019
На собирот присуствуваше и градоначалникот на Лондон Садик Кан, кој е од редовите на опозициската лабуристичка партија, како и претседателката на Шкотската национална партија, Никола Старџен.
Премиерката Тереза Меј во повеќе наврати ги отфрли повиците за втор референдум и покрај тоа што Парламентот не успеа да го изгледа договорот кој таа го испреговара со Унијата.
Во меѓувреме, бројот на потписници на онлајн петицијата со која се бара Владата да го повлече Членот 50 за излегување од ЕУ се зголеми на четири милиони.
Over a million took to streets to ask for 2nd Ref.
Oh yeah .. Some nut-job also took a stroll, with about 20 saddos 😂. #Brexit #PeoplesVote pic.twitter.com/Iq2MB6mhxd
— Matty 🇬🇧🇪🇺 (@Doozy_45) March 23, 2019
Comments are closed for this post.