Единаесетгодишно дете, кое возело велосипед, се здоби со тешки телесни повреди, откако било удрено од патничко возило во Прилеп.
Несреќата се случила вчера претпладне, а околу 11:30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ патничко возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Р.Д.(19) од Прилеп удрило во 11-годишен велосипедист од Прилеп.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.