Лидерот на Двери и еден од основачите на Сојузот за Србија (СзС), Бошко Обрадовиќ изјави дека е само еден од многумината на протестите „Еден од пет милиони“ кои сакаат да го сменат лошиот систем во Србија и дека никој не може да го „преземе“ протестот.
Протестот е автентичен бунт против она што им се случува на луѓето во земјата и тие расправии за преземањето на протестот, како и расправиите за говорниците, можат да и нанесат штета на целата приказна, истакна Обрадовиќ за весникот Данас.
Според него, претседателот на државата, Александар Вучиќ, по настаните од претходниот викенд, е „прилично разнишан“.
Посебно го боли тоа што се кренаа средношколците и студентите. За нас, тој може да лаже што сака во своите медиуми, но не може така да зборува и за овие млади луѓе, и тоа го повредува, рече Обрадовиќ.
Како што оцени, ослободувањето на уапсените млади лица е обид на Вучиќ да излезе од оваа ситуација, „бидејќи сфатил дека има претерано, што е случај кај диктаторите“.
Коментирајќи го предупредувањето на Вучиќ дека нема да дозволи упад во приватната телевизија Пинк и дека не смее да се блокираат сообраќајниците, Обрадовиќ потенцира дека не смее да се отстапи од одење пред тој медиум.
Оваа негова одбрана на ТВ Пинк е само уште една индикација дека сум бил во право кога реков дека Пинк е срцето на овој режим и дека Вучиќ побрзо ќе го даде Косово, но не и Пинк. Ова е уште повеќе говори дека не смееме да се откажеме од одењето пред оваа телевизија, нагласи Обрадовиќ.
Comments are closed for this post.