Американската управа за храна и лекови ја одобри продажбата на спрејот „spravato“ кој им помага на луѓето во најтешкиот облик на депресија, односно на оние кои размислуваат за самоубиство. Спрејот против депресија се применува како спреј за нос.
Долгорочните испитувања покажаа дека пациентите ги намалуваат симптомите на депресија во рок од неколку часа. Тоа е спреј за нос, чија основна состојка е кетамин, дисоцијативна анестезија која се користи во третманот на најтешките форми на депресија кај кои други лекови немаат ефект.
За разлика од претходните антидепресиви, кои започнуваат да делуваат по неколку недели од почетокот на терапијата, кај овој лек дејството веднаш се забележува. Ова е особено важно кога станува збор за пациенти со многу тешка психичка состојба и изразени самоубиствени мисли, според американските научници.
Џом Ман, психијатар и научник на Универзитетот во Колумбија, објаснува дека прскањето со кетамин е првиот одобрен лек за третман на депресија во изминатите 30 години, кој делува на уникатен начин на мозокот.
Назалниот спреј кој е развиен од компанијата Џонсон и Џонсон треба да се користи само со препишан орален антидепресив. Поради можноста за злоупотреба, се администрира под медицински надзор за време на третманот и два часа подоцна.
Пациентот не треба да го чува овој спреј во домашната аптека.
Сметајќи дека ефектот на кетамин е многу посилен од конвенционалните антидепресиви, тоа се зема само еднаш во две недели, според порталите за наука.
Comments are closed for this post.