Над 100 лица се уапсени, а десетици се повредени во денешните протести на „жолтите елеци” во Париз, 18-ти викенд по ред. Овојпат цел на демонстрантите повторно беа продавници за луксузни стоки во близина Триумфалната порта, а судирите со полицијата се случија кога демонстрантите почнаа да фрлаат димни бомби и камења врз полициските службеници.
🔴 DIRECT – Gilets jaunes : place de l’étoile envahie pour ce 18e samedi de mobilisation #Acte18
Suivez notre live ➡ https://t.co/1Cia4LKZFt pic.twitter.com/BYb33B3Rlq
— Yahoo Actualités (@YahooActuFR) March 16, 2019
Полицијата употреби водени топови за да ги растера најагресивните демонстранти, а тие пак запалија автомобилски гуми и кршеа излози, пред се на луксузни продавници како Кензо и Лакоста. Во еден од подметнатите пожари повредени се 11 лица.
Just another Saturday in Paris? #YellowVests #YellowVest #LesGiletsJaunes pic.twitter.com/TntoqFwlMT
— RT (@RT_com) March 16, 2019
На денешните собири, кои се одржуваат под слоганот „Ултиматум”, на улицата Шанзелизе се собрале околу 8.000 приврзаници на движењето „жолти елеци”, од кои, според францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер, околу 1.500 се „ултра насилници” кои пристигнале во Париз да предизвикуваат немири и судир со полицијата.
Ова е 18-та сабота по ред на протести на „жолтите елеци” против политиката на претседателот Емануел Макрон.
Comments are closed for this post.