Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, најави санкции за членовите на Меѓународниот кривичен суд, коишто се бават со истрага за можни воени злосторства извршени од американските сили или нивните сојузници во Авганистан.
Помпео, изјави дека на членовите на тој суд на Обединетите НАции ќе им бидат поништени визите, но и дека ќе бидат спроведени и дополнителни мерки, вклучувајќи и економски санкции, доколку Меѓународниот суд „не го промени својот правец на движење“.
На ваквите најави, од Судот, со седиште во Хаг, одговорија дека тоа е независна и непристрасна институција и дека ќе продолжат со работата без оглед на мерките на Вашингтон, пренесува „Ројтерс“.
Реакција стигна и од организацијата „Хјуманс рајт воч“ од каде оценија дека одлуката на Вашингтон е „насилен обид за казнување на истражителите на судот“.
Во ноември 2017 година, истражителите на Меѓународниот кривичен суд побараа одобрение да покренат истрага за наводни злосторства направени во Авганистан од први мај 2003 година, вклучувајќи ги и злосторствата направени во земјите каде што ЦИА држела заробеници.
Comments are closed for this post.