Вечерва нема да има протести пред македонското собрание.

Од Млади за Македонија, кои се јавија како организатори на протестот и испратија повик преку социјалните медиуми, информираат:

„Официјалната страна на Млади за Македонија беше превземена од страна на еден од членовите на МзМ кој самоиницијативно без консултации со основачите и останатите членови реши сам да организира протест на 27.09.2018 година-четврток.
Поради сомнеж за тоа кој стои зад овој настан, како и тоа кои се целите на овој настан, ние успеавме по долго време да ја превземеме контролата врз оваа страна.  Беше оддржана и прес конференција на која ние се огрдивме од било каква поврзаност со овој настан на 27.09.2018 година.

Во соопштението додаваат дека нивната борба продолжува и дека на 30 септември победата на „БОЈКОТ“ ќе ја слават пред Собранието.

 

Posted by Бојан Македонски Василевски on Wednesday, 26 September 2018

Од протестот се оградија и официјално на фејсбук страницата на ‘БОЈКОТИРАМ’.

Бојкотирам се оградува од протестот закажан на 27-ми септември. Протестот не е автентичен дел од мрежата. Страниците кои го промовираат и организираат протестот се инфилтрирани и преземени од службите на хунтата. Бојкотирам апелира на сите добронамерници да не се појавуваат на истиот, бидејќи има кредибилни информации и индикации дека истиот ќе се искористи за немири и оцрнување на иницијативата #Бојкотирам.

?️ #Бојкотирам се оградува од протестот закажан на 27-ми септември. Протестот не е автентичен дел од мрежата. Страниците…

Posted by Бојкотирам on Monday, 24 September 2018

Во меѓувреме американската амбасада во Скопје на својата официјална страна објави предупредување до своите државјани во кое се вели дека на 27 септември во 19:00 часот тие не треба да се движат пред Собранието на Република Македонија.

Своите граѓани ги предупредуваат и за 30-ти септември  да не се движат ниту пред Собранието, ниту на плоштадот Македонија во Скопје.

Различни групи имаат намера да демонстрираат против претстојниот национален референдум за Преспанскиот договор за името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се одржи в недела, на 30 септември. Спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат и во Скопје и во други делови на земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада совтува да избегнува секакви области каде што може да се појават демонстрации, се вели во соопштението на амбасадата на САД.