Стево Пендаровски губи, тој знае дека не ја ужива довербата на граѓаните, па се труди да зборува за се само не за вистинските проблеми на граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Власта молчи два дена откако Стево Пендаровски излезе и кажа дека е следен од странси служби. Никој од МВР не кажува дали Пендаровски е следен и од кого и дали истиот со измислување лаги не создава алиби за претстојниот изборен пораз. Пендаровски знае дека нема поддршка од граѓаните, па затоа мора и да измислува. Пендаровски знае дека е жртвено јагне на Заев, па не бира методи за да се бламира себе си како целиот циркус да биде поавтентичен, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Спасовски нема контрола над ситуацијата, а жртви поради тоа се сите граѓани.
Спасовски треба веднаш да излезе и да каже, дали Пендаровски е следен и од кого, во спротивно ќе се потврди дека тој лаже само да го оправда претстојниот пораз. Пендаровски и неговиот ментор, Зоран Заев ќе изгубат на претседателските избори. Граѓаните ќе го поразат СДСМ и ќе го дадат својот глас за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде и причина за распишување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе го испратат СДСМ во историјата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.