Германската компанија „Гересхајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во ТИРЗ Скопје.
Компанијата соопшти дека ќе почне со градба на фабриката во првата половина на 2019 година, а произведството на пластични системи за фармацевтската индустрија и секторот за медицинска технологија, треба да стратува во средината на наредната година.
Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите, вели Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Гересхајмер“ АГ.
Во производствениот погон се планира да бидат вработени 400 лица. Вицепремиерот Кочо Анѓушев откри дека ќе се вработуваат инженери, информатичари, електроинженери. Четвртина од бројот вработени во фабриката во Скопје ќе бидат кадри со високо платени места, а останатите ќе бидат со високи технолошки знаења.
Во фабриката ќе се произведуваат апликатори, пенкала за инсулин, инхалатори и апарати за мерење шеќер во крвта кои се користат ширум светот. „Герешајмер“ има производствени капацитети во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка.
Comments are closed for this post.