Џарет Небула е родена како жена, а пред четири години станала маж. Сега, 33 годишникот открил дека не припаѓа на ниеден род и дека впрочем е вонземјанин. Небула, кој работи како рецепционер во фризерски салон, мислел дека конечно се пронашол себеси кога станал машко на 29 години, пренесува РТ.
Меѓутоа, чувството било краткотрајно и Небула набрзо сфатил дека тој не е машко или женско, дури ниту човечко.
„Не се чувствував пријатно ниту како пол, ни како нешто измеѓу. Знам дека сум заглавен во човечка форма, а тоа е како другите ме доживуваат, според мене, јас сум вонземјанец без пол“, тврди Небула.
Небула почнала да зема инекции тестостерон и ги остранила градите како дел од тоа да стане машко. Меѓутоа, набрзо сфатила дека нејзиниот нов род, не е тоа што очекувала.
„Мислев да се биде транс-човек ќе ги реши сите мои проблеми и внатрешни конфликти со сознанието кој сум, но не бев така среќен како што очекував. Се осеќав како да се обидувам да се вклопам во нечија туѓа кутија“, објаснува Небула.
„Од секогаш бев опседнат со вонземјани, и што тоа значи, така да идејата да бидам вонземјанин е перфектно за мојот идентитет“, открива Небула.
Додека Небула вели дека конечно е среќен откако го открил сопствениот индентитет, неговото семејство се уште го гледа како маж, а често се наоѓа и во ситуација каде е мета на луѓе кои не го разбираат.
Comments are closed for this post.