Еднаш да станеме вистински жени! А што мислите дека ние жените не можеме да кренеме женско востание,женска револуција? Зарем во Македонија нема такви жени помеѓу сите етноси? Но не почитувани, нашата револуција е љубовта и разбирањето, стремежот кон подобро утре за нашите деца, рече претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска во обраќањето на годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние влеговме повеке во политичкиот жаргон, а заборавивме дека животот е некаде другаде или како што ке написе Вирџинира Вулфќ сакав да пишувм за смртта но од некаде се појави животот. Македонија има се, но нема живот и нема подобро утро. И никој нема право да го вперува прстот во ВМРО-ДПМНЕ и да не нарекува Антизапдни, Анти-европски и Анти-НАТО кога уште во 1993 како Унија на жени бевме првенци во тие идеи. Секогаш сме биле прогресивни за Република Македонија. Затоа почитувани, уважени сестри од сите политички опции, време е да градиме ново сестринство, знам дека длабоко во себе сите сте свесни дека Македонија ја доживува најголемата модерна трагедија. Да биде упропастена од луѓе кои незнаат, неумеат, кој силно го гушат општеството. Заевизмот не е само метаофара туку болна реалност која ја живееме.

Таа истакна дека Македонија денеска е тема на влијателни медиуми кои прашуваат дали името кое Заев го договори Северна Македонија воопшто има национален идентитет. Какво дрско понижување на се што е Македонско.

-За понижувањето кое ни го приредија, кое откако домашните некадарници создадоа терен, чекавме грчките националисти да одлучуваат како ќе се нарекуваме, ќе суди историјата некогаш, но граѓаните веднаш. Нема друго образложение што може да го оправда ова извртувања на патот на нашите претци, кон сегашните генерации и кон тие што ќе не наследат. Горчлив вкус ни остана на сите во устата.