Српската глумица Неда Арнериќ синоќа била итно пренесена во Ургентниот центар во Белград откако била пронајдена без свест во својот стан, јавуваат српските медиуми.

Актерката ја пронашол нејзиниот брат откако не одговарала на телефонските повици. Тој со помош на бравар ја разбил вратата од станот. Арнериќ лежела неподвижна на подот поради што била повикана екипа на Брза помош.

Според непотврдените информации на српските медиуми, глумицата се обидела да се самоубие.

Сопругот на Арнериќ почина кон средината на декември. Српските медиумите за тоа дознаа еден месец подоцна, бидејќи, како што пишуваат, актерката не сакала да ја сподели таа информација.

Арнериќ вчера требало да присуствува на проекција на нејзин филм, но не се појавила.