Македонскиот репрезентативец и член на италијанска Џенова, Горан Пандев денеска стави потпис на италијанско државјанство. Тој на својот Инстаграм профил објави слика од чинот на потпишување.
Пандев во 2001 година се пресели во младинскиот погон на Интер, а имаше настапувано за Специја и Анкона, по што го облече дресот на Лацио.
Потоа потпиша за Интер, каде што имаше голем успех, односно ја освои тројната круна со „нераѕурите“, па се пресели во Наполи и денеска настапува успешно за Џенова.
Comments are closed for this post.