Во однос на вчерашните случувања во Собранието и седницата за одземање на имунитетот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, според ВМРО-ДПМНЕ седницата воопшто не требало да се закажува.
„Комисијата претходно со гласање 4:4 не донесе заклучок за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, така да сметаме дека и воопшто не беше потребна вчерашната пленарна седница и во однос на сите други работи оставаме препукувањата да си ги водат СДСМ и ДУИ“, вели портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски.
Comments are closed for this post.