По вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, ГРОМ излезе во јавноста со соопштение
Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ на синоќешната седница на Извршниот Одбор одлучи да го повика своето членство и симпатизерите задолжително да излезат на претстојните Претседателски избори.
Како никогаш до сега потребно е да излеземе во што поголем број и да избереме нов Претседател на државата.
ГРОМ најенергично се спротивставува на сите оние кои заговараат бојкот.
Со избор на апстиненција, македонските граѓани ќе направат огромна штета на државата со тоа што владеачките партии ќе го променат уставот и ќе изберат Претседател во Парламентот.
Со избор на Претседател во Парламентот се отвара уште една можност за уцена на малцинството врз мнозинството граѓани во Републиката.
Comments are closed for this post.