Додека едни роднини на високи функционери даваат откази поради реакциите во јавноста за непотизам листата се проширува со нови имиња.
И Назми Хани, синот на заменик-генералниот секретар на Владата, Тахир Хани, се вдоми во ЕЛЕМ како референт во Подружница Треска.
ЕЛЕМ стана работно место и за шуринајката на министерот Крешник Бектеши, Нертила Усеини Каба, објави Алсат.
Таа е сопруга на братот на сопругата на министерот. Државната енергетска компанија е најжестоко критикувана, но и рекордер по вработувања на луѓе блиски до власта.
Веста за Алсат ја потврдија денеска лично Тахир Хани, но и од компанијата.
Comments are closed for this post.