Во Клубот на пратениците почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев со лидерот на „Алтернатива” Африм Гаши на која ќе се разговара за можностите за заеднички кандидат за претседател на државата.
Заев и Гаши на средбата се придружувани од генералните секретари на СДСМ, Александар Кирацовски, и на „Алтернатива” Зеид Реџепи.
За 16 часот е закажана и средба на Заев со лидерот на ДПА Мендух Тачи.
Вчера, на истото место беше одржана средба меѓу Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, а за време на викендот во седиштето на СДСМ се одржа средба и со лидерите на помалите партии кои се дел од коалицијата.
Опозицијата во саботата ја избра професорката Гордана Силјановска-Давкова за кандидат за претседател на претстојните избори закажани во април.
Comments are closed for this post.