Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на теренските активности денес ги посети општините Карпош и Сарај.
-Во комуникација со граѓаните да го презентираме она што мислиме дека е штетно од договорот со цел да можат да бидат информирани и да донесат правилна одлука. За жал забележуваме дека владата како потписник на договорот или не ги информира граѓаните од содржината на договорот или ги информира парцијално, односно гледаме како се информира само до пола реченица или третина реченица, не се оди во остатокот од реченицата. Сакаме целосно ние да ги презентираме целосно фактите за да видат граѓаните која е суштината и содржината на договорот, рече тој.
Николоски порачува дека позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и дека од партијата сметаат дека договорот е капитулански, исклучително штетен за Македонија и како таков треба да не биде прифатен.
-На 30-ти септември граѓаните ќе донесат одлука, како што сметаат дека е најдобро. Оставаме на нив да ја донесат одлуката и соодветно сите информации кои што ги имаат да одлучат како ќе постапат на истиот ден, порача Николоски.
Comments are closed for this post.